„Фенерџијата“ до почетокот на ова коло во Бундеслигата приреди сензација и славеше над лидерот. Во рамки од 11. рунда во германската елита екипата на Бухом извојува голема победа над Унион Берлин од 2-1, во натпревар во кој покрај неоечкуваниот резултат, беше одбележан и по прекрасниот погодок на српскиот напаѓач, Милош Пантовиќ.
Бохум на крилата на Хофман и Холтман се избори за голема предност во првата денешна пресметка во Бундеслигата, но потегот на натпреварот го имаше 26-годишниот Пантовиќ. Српскиот ас во самата завршница испрати „проектил“ кон противничкиот гол и ги постави конечните 2-1.