Баер Леверкузен продолжи да гази сигурно кон пласман во Лигата на шампиони, откако денеска освои нови три бода со победата против Арминија Билефелд (3-0), додека Волфсбург прокоцка водство од два гола против Борусија Менхенгладбах (2-2).
„Фармацевтите“ го најавија својот триумф уште во првото полувреме преку Аларио, кој постигна гол во 30. минута, а доминацијата во вториот дел ја крунисаа со уште два погодоци, и тоа на Диаби.
Мечот во Менхенгладбах почна одлично за гостите од Волфсбург, кои преку Винд и Борнаув стигнаа до водство од 2-0, меѓутоа Турам ја врати неизвесноста во завршницата на првото полувреме, а реми на домаќините им обезбеди Емболо.
Баерн Минхен е прв на табелата со 55 бодови, односно шест повеќе од Борусија Дортмунд, трет е Леверкузен со 44, а Фрајбург и Хофенхајм имаат по 40.
Останати резултати:
Фрајбург – Херта 3-0
Гројтер Фирт – Келн 1-1
Унион Берлин – Мајнц 3-1