Тотенхем блесна на гости против Лудс Јунајтед и славеше со 0-4. Тимот од Лондон сега има 42 бода, четири помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед и се уште има надежи дека би можел да оствари пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Доерти и Кулушевски за 15 минути донесоа предност од 0-2, а Хари Кејн се придружи со трет погодок во првото полувреме. На Хјонг – Минг Сон му остана само да го заокружи убедливиот триумф со четврти погодок во 85.минута од мечот.