Еден од најдобрите Формула 1 возачи, Луис Хамилтон, во 2015 година направи потег што ретко кој би се осмелил.
Британецот победи на трката за Големата награда на Русија во Сочи, а наградата за триумф му ја додели рускиот претседател Владимир Путин.
Неговата средба со Путин засекогаш ќе остане запаметена како една од најчудните што се случија на прославата на победата во Формула 1 натпреварувањето.
Хамилтон со шампањ го испрскал и рускиот претседател кој сакал што побрзо да ја напушти сцената.
Тој се присети на овој детал како гостин во шоуто на Џими Кимел и презентираше навистина страшни информации.
„Чудно е што ми рекоа дека всушност е негов двојник. Имаа толку многу обезбедување и дојдоа со тие торби со многу сериозен багаж внатре“, рече Хамилтон, а на прашањето на Кимел дали навистина верува дека е на сцената двојникот на Путин тој одговори :
“Немам поим. Само знам дека не сакав да го испрскам. Гледав филмови и знам на што се способни Русите”, се пошегувал Хамилтон.
Три години подоцна Путин се најде лице в лице со Хамилтон. Британецот вети дека ќе биде повнимателен.
“Годинава нема да има прскање. Минатиот пат не бев јас, тоа беше некој друг”, се оправда Хамилтон, а потоа го исполни ветувањето на сцената.