Јапонскиот возач Мицунори Такабоши денешниот ден ќе го слави како втор роденден, откако мина речиси неповреден по ударот со автомобилот директно во заштитниот ѕид, со неверојатна брзина од 290 километри на час.

Тој се обидуваше да излезе на првото место пред Јахум Секигучи, но пред него неочекувано застана еден од противниците, па наместо да удри во него одбра да го сврти автомобилот кон оградата. Уништениот болид неколку пати се сврте на патеката, а за среќа ниту еден друг автомобил не учествуваше во инцидентот.

 

Такабоши го преживеа сударот и беше пренесен во болница на дополнителни лекарски прегледи.