Големата ѕвезда на светскиот фудбал Лионел Меси не се најде на листата за најдобар играч во француското првенство. Единствен претставник на новиот шампион Пари Сен Жермен е неговиот соиграч Килијан Мбапе, кој би можел третпат по ред да ја освои наградата.
Во конкуренција на Мбапе се и Висам Бен Једер од Монако, Димитри Паје од Марсеј, Лукас Пакета од Лион и Мартин Терие од Рен.
Меси пристигна во ПСЖ како огромно засилување, но, сепак, во тимот на „светците“ не блескаше како во дресот на Барселона, иако несомнено покажа дел од својата врвна класа на одредени натпревари.