По две одиграни кола, сите четири репрезентации во групата Е имаат по три бода и последните два натпревари ќе одлучат кои од нив ќе се пласираат во осминафиналето од Европското првенство.

Откако вчера Украина ја победи Словачка, денеска Белгија славеше против Романија со 2-0 со што придонесе за тотална драма во пресрет на последниот круг. Во него, Романија ќе влезе како формален лидер поради најдобрата гол-разлика (3-2), а ќе се сретне со Словачка, додека во вториот меч ќе играат Белгија и Украина.

Белгија ја оствари првата победа на Европското првенство, во соочувањето со Романија. За разлика од средбата со Словачка, на која целосно потфрли, сега удрија со целата артилерија и покажаа дека со право пред стартот на Европското првенство ги сметаа за едни од главните фаворити за трофејот.

 

 

 

Во вториот дел Лукаку ја затресе мрежата на противничкиот голман, ама неговиот гол беше поништен поради минимален офсајд. Тоа беше најава за она што се случи во 80. минута кога Де Брујне на додавање на голманот Кастелс го постави конечниот резултат.