Екипата на Тулуз за првпат во својата историја се пласира во финале на Францускиот куп, откако го совлада Аненси на гостински терен со 2-1. Прославата започна уште на стадионот, но продолжи и по улиците на Тулуз, каде навивачите лудо го прославија овој успех.

Во финалето на францускиот Куп ќе играат Нант и Тулуз, нешто незамисливо пред почетокот на сезоната.