Лондонски Арсенал денеска и официјално го ангажираше Фабио Виеира од Порто за обештетување од 40 милиони евра.
Португалецот потпиша петгодишен договор со „топчиите“. Тој има 22 години и игра во средниот ред. За младата репрезентација на Португалија има 21 настап со 13 постигнати голови.
„Сите знаат дека ова е фантастичен тим. Тоа е една од причините што го одбрав Арсенал“, рече Виеира.