Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета е многу близу да замине во Барселона една година пред истекот на неговиот договор.
Менаџерот Томас Тухел веќе ја идентификуваше неговата замена во синиот дрес. Челси ќе се обиде да го доведе Жонатан Клаус од Ленс. Десниот офанзивен бек игра фантастични две сезони во францускиот тим и годинава се избори за место во француската репрезентација.
Тухел добро е запознаен со квалитетите на Клаус, бидејќи преку неговите скаути го следел на дури 50 натпревари. Челси е подготвен на Ленс да му плати обештетување од 10 милиони фунти за 29-годишниот фудбалер.