ПСЖ и летово успеа да ја спаси првата ѕвезда на тимот – Килијан Мбапе го продолжи договорот со шампионот на Франција по уште една сапуница. Реал Мадрид така остана со „празни раце“, а претседателот на шпанската лига Хавиер Тебас поднесе тужба против ПСЖ, но и Манчестер Сити поради нивниот начин на водење бизнис и финансирање.
Ал Келаифи имаше што да одговори.
– Тебас? Оставете го да се грижи за своето првенство , кое што е помалку мртво и да престане да дава лекции на другите .
„Не го познавам. Нашиот начин на водење бизнис е да не се мешаме во работата на други клубови, лиги или федерации, тоа не е наш стил. Но, нема да прифатам некои луѓе да ни проповедаат. Јас не се грижам што ќе се каже, искрено, луѓето зборуваат за тоа со години .Имаме фудбалски проект и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави првиот човек на ПСЖ.
Останува да се почека одлуката на куќата на УЕФА во врска со тужбата, иако се сомневаме дека епилогот нешто ќе промени.