Фудбалскиот клуб Монако постигна договор со Ливерпул за купување на играчот Такуми Минамино.
Како што објави „Скај“, трансферот е вреден 15 милиони евра, со дополнителни три милиони евра преку бонуси.
Во 2020 година, Минамино се пресели од Салцбург во Ливерпул, за кој одигра 55 натпревари и постигна 14 голови.
Втората половина од сезоната 2020/2021 ја мина како позајмен во Саутемптон, за кој постигна два гола на 10 натпревари во Премиер лигата, пред минатото лето да се врати на „Енфилд“.