Роберт Левандовски одбил доста богата понуда од познат европски клуб само за да потпише договор со тимот на Барселона.
Според „Дејли Мејл“ полскиот репрезентативец ја одбил понудата на ПСЖ кој му понудил 200.000 неделнаплата и тригодишен договор.
Англискиот медиум пишува дека Левандовски бил подготвен да чека да се решат финансиските проблеми во Барселона, а потоа тој да направи трансфер на „Камп Ноу“.
Според најавите, Барселона во четврток ќе одржи клучен состанок на кој ќе бидат разгледувани плановите за продавање на играчи со цел да се покрие финансиската дупка.
Најизгледни шанси за заминување од клубот има Френки Де Јонг за кого сериозен интерес има од Манчестер Јунајтед.