Фудбалската репрезентација на Костарика е последниот учесник на Светското првенство во Катар.

Костарика го победи Нов Зеланд со 1-0 во плеј-офот на неутрален терен.

Првиот и единствен гол на натпреварот беше постигнат во третата минута, а стрелец беше поранешниот ас на Арсенал, Џоел Кембел.

Нов Зеланд имаше неколку можности за израмнување во првото полувреме, а тоа им успеа во 39. минута. Сепак, голот на Крис Вуд беше поништен.

Новозеланѓаните продолжија да вршат притисок, но во 67. минута доживеаја „ладен туш“.

Коста Барбарузес доби директен црвен картон.

Костариканците успеаја да му одолеат на противникот до крајот на мечот, да ја сочуваат својата мрежа и трет пат по ред да се пласираат на Светското првенство.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1536798958214959107?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1536798958214959107%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D14nav_id%3D2171221

Ова е шести пат во нивната историја да играат на светските првенства, а најдобриот учинок го постигнаа во 2014 година во Бразил, кога дури стигнаа до четвртфиналето.

Тие ќе бидат во групата Е во Катар со Шпанија, Германија и Јапонија.

Светското првенство се игра од 21 ноември до 18 декември годинава.

https://www.youtube.com/watch?v=_500vDVFDB4