Македонските фудбалери во одлично расположение отпатуваа за Рим. Пред нашата репрезентација е нов натпревар против Италија. Одиме без шанси за пласман на Европското првенство, а за Италијанците бодовите се од огромно значење.

На Италија ѝ станавме ноќна мора во изминатите години, нашата цел во италијанската метропола ќе биде тоа да го продолжиме, со добар резултат уште еднаш да им наштетиме.

Италијанците се фаворити на овој дуел, но репрезентацијата на Македонија знаела да го изненади противникот, како во Палермо.