Црна Гора победнички стартуваше во балканскиот дуел против Бугарија со 1-0 на гости во Разград, и успешно ја започна мисијата за пласман на ЕП кое следната година се игра во Германија.
Стрелец на единствениот гол беше Никола Крстовиќ, а за него тоа беше дебитантски гол во дресот на сениорскиот национален тим. Црногорците со едноставна акција како во видео игри го постигнаа победоносниот гол. Бугарите имаа огромна шанса за израмнување во самиот финиш, но стоперот Стефан Савиќ ја запре топката на самата гол-линија.
Ова е голема победа за Црногорците, па како што стојат работите, изгледа Унгарија и Србија ќе бидат главните конкуренти на Црна Гора за првите две места во групата кои водат на ЕП 2024.
Голот на Крстовиќ може да го видите ТУКА.