Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој настапува за бугарскиот тим Левски, на вчерашниот меч против Ботев на домашен терен го постигна својот прв гол за клубот.
„Секако дека сум задоволен од фактот што постигнав гол. Сепак, за нас дефанзивците најважно е да не примаме голови, тоа е многу важно за целиот тим пред се за напаѓачите. Тие се чувствуваат посигурно кога зад нив има бедем кој не прима лесно голови. Добро функционираме во последната линија и се надевам така ќе продолжиме“ – изјави Зајков за Бугарските медиуми.