Екипата на Атлетико Мадрид продолжува со својата серија без пораз во Ла Лига, но проблемите со многуте нерешени резултати остануваат. Во девет одиграни кола, тимот на Диего Симеоне има четири победи и дури пет ремија.
Во најновото реми, Атлетико беше на чекор до победа на гостувањето кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан, но хрватскиот интернационалец Лука Сучиќ им ги „украде“ трите бода со гол во 84. минута, поставувајќи го конечниот резултат 1-1. Претходно, Хулијан Алварез им донесе водство на гостите уште во првата минута од натпреварот.
Со овој резултат, Атлетико Мадрид моментално се наоѓа на третата позиција на табелата со 17 бода, седум помалку од лидерот Барселона.