Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2022 година.

„Ал Рихла“ е новата, 14-та по ред Мундијалска топка на Адидас . Лета побрзо од која било претходна топка на Светските првенства, поддржувајќи натпревари со високо темпо и квалитет на игра“, се вели во описот на топката.

„Ал Рихла“ на арапски значи „патување“ и е инспирирана од културата, архитектурата, култните чамци и знамето на Катар. Живите бои поставени на бисерна позадина го претставуваат домаќинот на турнирот.

„Ова е неверојатна, одржлива, висококвалитетна топка во која фудбалските ѕвезди ќе уживаат на врвот на нивната игра на најголемата сцена во Катар, како и сите играчи ширум светот“, вели маркетинг директорот на ФИФА, Жан-Франсоа Пати.

„Светското патување на Ал Рихла ќе го претстави неверојатниот дострел на Светското првенство и ќе им даде единствена можност на навивачите да се вклучат во настанот бидејќи возбудата расте пред почетокот на Светското првенство.

Дизајнирана од внатре кон надвор користејќи ригорозни тестови во лабораторија, воздушни тунели и на терен од страна на фудбалери лично, Ал Рихла обезбедува највисоко ниво на прецизност и сигурност, делумно поради новата форма од 20 панели и текстурата на површината.

„Играта станува побрза и како што се забрзува, прецизноста и стабилноста на летот стануваат критично важни“, рече Франциска Лефелман, директорка за дизајн и фудбалска графика во Адидас.

„Новиот дизајн и овозможува на топката да одржува значително поголеми брзини додека патува низ воздухот. За најголемиот настан во светот во целиот спорт, решивме да ја направиме радикалната иновација  со создавање на најбрзата и најпрецизна топка за Светскиот куп на ФИФА до сега.”

Ал Рихла е дизајнирана со одржливост како приоритет. Тоа е првата топка за Светското првенство направена исклучиво од мастила и лепила на база на вода.

Новата топка на Мундијалот ќе биде јавно претставена од фудбалските легенди како Икер Касиљас и Кака, заедно со талентирани фудбалери од Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија и Египет, а потоа „Ал Рихла“ ќе го обиколи светот обиколувајќи десет градови, меѓу кои Дубаи, Токио , Мексико Сити и Њујорк .

Светското првенство е на програмата од 21 ноември до 18 декември.

https://twitter.com/FIFAWorldCup/status/1509108806344749064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1509108806344749064%7Ctwgr%5Ehb_0_8%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D30nav_id%3D2131115