Бетис се покажа како многу тврд противник, иако Атлетико беше подобра екипа на теренот, а конечно одбраната на гостите ја проби Кореа во 86. минута кога го постигна единствениот гол на натпреварот.
Екипата на Диего Симеоне е трета со 54 бодови, односно пет помалку од Реал Мадрид, додека лидер е Барселона со 71 бод.
Вилјареал го победи Реал Сосиедад со 2-0 и остана во игра за пласман на позициите кои водат во Лигата на шампиони.