Италијанскиот новинар и дописник на Goal, Ромео Агрести, објави дека Барселона договорила едноиполгодишен договор со Алваро Мората. Чави го посакува во својот тим и шпанскиот репрезентативец е подготвен за трансфер.
Сепак, се уште треба да се испеглаат разликите меѓу клубовите. Мората се уште е под договор со Атлетико, но минатата сезона пристигна во Јувентус на двегодишна позајмица. Италијанскиот клуб би морал да го искористи правото да го откупи договорот на Мората за 35 милиони евра за да договори трансфер во Барселона.
Се верува дека Јувентус е заинтересиран за размена во која Барселона би го испратила Мемфис Депај или Усман Дембеле за Мората, но Фабрицио Романо тврди дека двајцата моментално не се дел од преговорите на Јуве и Барса.
Да потсетиме, Мората својата сениорска кариера ја започна во Реал Мадрид, а потоа замина во Јувентус, за да се врати во Реал на една сезона. Потоа играше за Челзи, а потоа и за Атлетико од кој сега повторно е позајмен во Јувентус, а оваа сезона на 23 натпревари постигна седум гола.