Синоќа во најголемото португалско дерби во 16. коло од шампионатот, Порто ја совлада Бенфика со 3:1. Головите ги постигнаа Виеира, Пепе и Тареми, додека поразот го ублажи Јаремчук.
Медиумите споделија видео од Јан Вертонген, легендарниот 34-годишен белгиски дефанзивец кој синоќа во 48. минута ја презеде капитенската лента на Бенфика по исклучувањето на Андреа Алмеида. Само три минути подоцна, Вертонген почна да повраќа на теренот на средината од натпреварот и потоа продолжи да игра како ништо да не било.
За да видите видеото кликнете ТУКА.
Не е невообичаено спортистите, често поради исцрпеност, да повраќаат среде натпревари. Вертонген, кој дојде во Бенфика од Тотенхем во 2020 година, го направи истото, на пример, за време на четвртфиналето на Светското првенство во 2014 година помеѓу Белгија и САД. Лео Меси често повраќаше на теренот, но тоа го припишува на лошата исхрана.
https://twitter.com/FOOTSEXENJOYER/status/1476679032653725711?s=20