Уште трае еуфоријата од вчерашната победа во Ереван и киксот на Ромаците. Сега сите мисли се насочени кон неделниот натпревар со Исланд на кој треба да го потврдиме второто место на табелата. И тогаш не е готова работата туку македонските национални херои ќе мора да победат на уште два нокаут натпревари.
Директно патување во Катар ќе обезбеди само десет победници на групата, додека десет второпласирани ќе доигруваат во дополнителни квалификации. Во овие квалификации освен второпласираните ќе се приклучат и двајца победници од групите на Лигата на нации од сезоната 2020/21.
Вака овие 12 репрезентации нема како и досега да играат во шест парови од два натпревари со од каде победниците ќе одат на Светското првенство. Туку тие ќе се борат поделени во три групи.
Во нив ќе се одигра само еден нокаут натпревар т.е. два доколку го поминеме првиот. Таквиот филтер ќе обезбеди уште три европски репрезентации кои ќе обезбедат да одат на преглед на најдобрите репрезентации во светот.
Шесте најдобри вицешампиони во квалификациите ќе бидат носители во дополнителните квалификации, што ја гарантира предноста на домашниот терен во полуфиналето на мини-турнирот, а останатите тимови ќе бидат не-носители.
Македонија нема шанси да биде носител и домаќин на еден ваков турнир согласно момнтална ситуација во другите групи.
Засега второпласирани од другите 9 групи се Србија, Шведска, Швајцарија, Украина, Чешка, Шкотска, Норвешка, Хрватска и Полска.
Овие квалификациските натпревари ќе се одиграат на крајот на март.