Англискиот премиерлигаш Лестер ќе биде ослабен на стартот на 2022 година. „Лисиците“ ќе бидат без најдобриот напаѓач Џејми Варди во период од околу четири седмици, откри менаџерот Брендон Роџерс.
„Џејми Варди нема да игра викендов. Во зависност од околностите, тој ќе биде надвор од терените три до четири недели“, изјави Роџерс за медиумите.
Џејмс Медисон е подготвен за настап и ќе се врати на тренинзите на Лестер по лекувањето на повредата.
Премиер – лигата го одложи мечот меѓу Лестер и Норич поради голем број случаи на коронавирус во гостинскиот тим.