Бејл не се појави на прославата на титулата во Ла Лига, а го немаше ниту на трибините за мечот против Манчестер сити поради повреда на грбот, а тоа ги налути навивачите кои сметаат дека фудбалерот не ја зборува вистината.
Анчелоти на прес-конференција пред мечот против Атлетико Мадрид зборуваше за ситуацијата на Бејл и откри загрижувачки вести.
„Бејл е посветен на клубот, но во последниот период го немаше затоа што не можеше да се движи. Нешто слично и мене ми се случи во минатото“, кажа Италијанецот.