Словенечкото „чудо од дете“, Лука Дончиќ, беше најзаслужниот за првата победа на Далас маверикс во полуфиналната плејоф-серија на Западот против Феникс санс (103-94) со што е намален резултатот на 1-2 во победи, во средба во која покажа голем дел од својот раскошен талент.
Тој постигна 26 поени, собра 13 скока, а имаше и девет асистенции, од кои една беше за – телевизиските најавни шпици. Дончиќ по еден обид да поентира падна на паркетот, по што топката случајно пак дојде кај него додека веќе беше во седечка положба, но тоа не го спречи да асистира – магично.
Словенецот следната можност за демонстрирање на својот квалитет, а воедно и за изедначување во пресметката со „сонцата“, ќе ја има утре вечер (21.30 часот) повторно на домашен терен.