Екипата на Астон Вила стигна до 17. победа во Премиер – лигата оваа сезона, но со тешки маки го совлада Лутон на гости со 2-3, иако тоа делуваше многу лесна задача по првото полувреме.

Оли Воткинс со два гола обезбеди предност од 0-2 на полувремето, а Лутон речиси и да беше безопасен по голот на Емилијано Мартинез.

Но, во вториот дел Лутон тргна на сѐ или ништо и успеа да го израмни резултатот. Во 66.минута Чонг намали на 1-2, а шест минути подоцна Морис донесе израмнување.

Сепак, Унаи Емери направи неколку замени, во игра ги уфрли Дијаби и Лукас Дињ и тие го решија мечот. Првиот асистираше, а Лукас Дињ со удар со глава во 89.минута постигна победнички гол за Астон Вила која го зачува четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите.

 

Тимот од Бирмингем се задржа на четвртата позиција во Премиер лигата и сега има 55 бода, додека Лутон Таун ќе води тешка борба за опстанок во елитата и останува на дваесет освоени бодови.