По ремито против Гранада, тренерот на Барселона Роналд Куман се оправда со квалитетот на ростерот кој го има, додека шпанските медиуми пишуваат дека веќе му се бара замена на тренерската позиција .
Иако многумина се разочарани од игрите на Барселона на почетокот на сезоната, Роналд Куман не се согласува со критичарите. Резултатската криза достигна нови височини со бодот против Гранада, кој беше спасен во самиот финиш, но Холанѓанецот на кој ме се тресе столчето верува дека тоа е вистинската состојба на тимот.
“Погледнете го нашиот список. Го направивме она што можевме, немаме играчи за да играме тики-така. Мислам дека направивме добра работа и со малку повеќе среќа можевме да победиме. Почнавме со 4-3-3 во првото полувреме, а потоа морав да направам промени врз основа на она што го имав на клупата “.
Куман очигледно е на излез од клубот и шпанските медиуми веќе пишуваат дека Жоан Лапорта бара замена. Наводно, желбите се Јоаким Лев и Антонио Конте. Куман пак нагласува дека очекувањата од овој тим се превисоки со оглед на квалитетот.
“Ова не е Барселона од пред осум години и тоа е така. Со Фати и Дембеле ќе биде поинаку бидејќи имавме длабочина, но немаше простор. Гранада се бранеше добро со многу играчи назад. Барем израмнивме, но штета што загубивме два бода “, рече Куман.