Интер сака на лето дополнително да ја зголеми конкуренцијата во нападот на лето. На актуелниот шампион му е понуден Дивок Ориги, џокерот на Ливерпул кој треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен играч.
Ориги е член на Ливерпул од 2018 година кога пристигна од Волфсбург, а сега е време да се збогува. Тој не е во плановите на Клоп и оваа сезона одигра само 10 натпревари, од кои пет во Лигата на шампионите, а успеа да постигне пет гола и забележа две асистенции.
Неодамна и самиот Клоп изјави дека би сакал Ориги да најде тренер кој ќе може да му даде повеќе шанси за настап.
„Дивок Ориги е неверојатен напаѓач, но од различни причини не игра толку често. Се надевам дека еден ден ќе најде тренер кој ќе му даде повеќе шанси од мене. Тој е еден од најсмртоносните напаѓачи што ги имам некогаш видено. Имаме одлично напаѓачко трио, Мане, Фирмино, Салах, така што тој не игра многу. И покрај тоа, Ориги го сака клубот и дава свој придонес секогаш кога може“, изјави германскиот стручњак.
Ориги би бил петти напаѓач во Интер покрај Един Џеко, Лаутаро Мартинез, Алексис Санчез и Хоакин Кореа, па би било интересно да се види кој ќе го напушти Интер. Јасно е дека нема да има место за сите петмина напаѓачи.