Јувентус и Интер ремизираа 1-1 во големото дерби во Торино. Со тоа „нероаѕурите“ го задржаа врвот на табелата во Серија А со 32 бода, два повеќе од второпласираниот Јувентус.
Резултатот го отвори Душан Влаховиќ, крунисувајќи една добра акција на неговите соиграчи со првиот шут на натпреварот на домашниот тим. По постигнатиот гол Јувентус уште повеќе се отвори, а Интер го искористи тоа, па во контранапад преку Лаутаро Мартинез израмни на 1-1.
https://twitter.com/i/status/1728873548058591528Интер имаше нешто повеќе од играта во првиот дел, упати седум шута и топката ја контролираше во 68% од времето.