Во 250. Ел Класико, Реал Мадрид вчера ја совлада Барселона со 3:1.
Очајниот настап на тимот, кој не му се закани ниту на најголемиот ривал во првите 80 минути од мечот во Мадрид, повеќе ги загрижи навивачите на Барса отколку поразот.
Дури по првата грешка на домаќините и голот на Феран Торес, избраниците на Чави „оживеаја“ и имаа шанса да израмнат, но немаше да биде заслужено.
Каталонските медиуми тешко го пoднесоа поразот, а можеби најдобриот наслов го додели Спорт – „Без душа“.
Мундо депортиво сето тоа го сумираше во зборот „Болно“, додека мадридските медиуми од утрово ликуваат. „Марка“ напиша „Многу супериорно“, а АС на насловната страна напиша „Тука владее Мадрид“.
Реал сосема заслужено го доби дербито на деветтото коло на Ла Лига и сега има три бода повеќе од Барселона. Шампионската трка само што започна, но „кралскиот клуб“ сега има силен ветер во грбот.
Барса е потресена, речиси сигурно ќе биде елиминирана во групната фаза од Лигата на шампионите втора година по ред. Чави има многу проблеми и со начинот на игра и со повредите на играчите кои требаше да бидат предводници во одбраната, а најголемиот проблем е што младиот стручњак се уште нема добиено ниту еден натпревар под притисок откако седна на клупата на каталонскиот тим.