Македонскиот голгетер Миовски има договор со Абердин на уште две години и кажа дека е среќен во клубот, но никогаш не се знае што носи иднината, па не исклучи можност за трансфер во друга екипа.
„Имам уште две години од договорот со Абердин, но во светот на фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи следно. Го сакам клубот и тоа им е јасно на сите, ме прифатија со раширени раце во Шкотска и засекогаш ќе им бидам благодарен. Ова ми е најдобрата сезона во кариерата, ако гледаме индивидуално, но сакам да му помогнам на тимот да има подобри резултати“, кажа Миовски.
Репрезентативецот на Македонија оваа сезона настапи на 41 натпревари за Абердин во сите натпреварувања, а притоа постигна 22 гола и четири асистенции.