Францускиот актуелен шампион ПСЖ ова лето ќе остане без услугите на најдобриот напаѓач Килијан Мбапе, а шпанските медиуми пишуваат дека клубот од Париз веќе пронашол замена за голгетерот, и тоа токму на Пиринеите.
„Марка“ објави дека ПСЖ подготвил понуда од 200 милиони евра за Ламин Јамал од Барселона, но каталонската екипа наводно не е воопшто расположена да преговара.
Менаџерот на Јамал, Жорж Мендеш оваа недела бил забележан во Барселона, а причина за неговата посета била понудата од ПСЖ.
Јамал оваа сезона постигна шест голови и седум асистенции во сите натпреварувања, а веќе дебитираше и за репрезентацијата на Шпанија.