Спектакуларен натпревар и вистинска голеада има вечерва во Саудиска Арабија.

Натпреварот меѓу Ал Наср и Интер Мајами почна катастрофално за американскиот тим кој прими дури три гола за само 12 минути.

Отавио по само три минути ја погоди мрежата на Интер Мајами, по што Талиска во 10. минута зголеми на 2-0, додека 120 секунди подоцна Лапорт постигна спектакуларен гол од сопствената половина од преку 60 метри. Гол кој ретко се гледа на фудбалските терени.