Реал Мадрид одлично ја започна новата сезона. Моментно e лидер во Ла Лига, има седум бода повеќе од градскиот ривал Атлетико Мадрид, но Карло Анчлелоти размислува за нови засилувања.
Според „Диарио Гол“, крилниот играч на Баерн Минхен, Серж Гнабри, е желбата на тренерот на „кралевите“. То би бил одлично засилување, а воедно и замена за Еден Азар за кого се шпекулира дека би можел во јануари да замине во Њукасл.
Договорот на Гнабри со Баерн Минхен истекува за година и пол, а отштетата би можела да изнесува 60 милиони евра.
Гнабри оваа сезона одигра 20 натпревари за баварскиот клуб, постигна осум гола и забележа четири асистенции.