Олимпик Марсеј со 2-0 славеше против Монпелје во рамки на 31.коло во Лига 1.
Победникот беше решен по 20 минути игра на „Велодром“, кога домашниот состав погоди преку Бамба Дијенг и Џенгис Ундер од пенал.
За Марсеј ова беше четврта победа по ред во Лига 1 и се наоѓа на 2.место на табелата со 59 бодови, додека ПСЖ е прв со 71 бод. Монпелје е 11-ти со 41 бод.