Лајпциг со 3-0 го совлада Хофенхајм во рамки на 29.коло во Бундеслигата.
Домашниот тим сите голови ги постигна во првото полувреме, а прв во листата на стрелците се запиша Кристофер Енкунку во 5.минута. Марсел Халстенберг зголеми на 2-0 во 20.минута, а конечниот резултат го постави Доминик Собослаи во самиот финиш на првиот дел.
Лајпциг е четврти на табелата со 51.бод, додека Хофенхајм, кој го запиша третиот пораз во низа е шести со 44.бодови.