Пари Сен Жермен се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако триумфираше против Реал Сосиедад (1-2) и на реваншот во Сан Себастијан. Францускиот првак имаше предност од 2-0 од првиот дуел во Париз, а го имаат и Килијан Мбапе кој ги одлучува големите натпревари.
Напаѓачот на ПСЖ постигна гол за водство во 15. минута и беше јасно дека францускиот тим е блиску до пласман понатаму, а потоа Мбапе во 56.минута уште еднаш погоди и го реши двомечот.
Реал Сосиедад постигна почесен гол во 89.минута преку Микел Мерино.