Баерн Минхен остана во игра за барем еден трофеј оваа сезона по кошмарните настапи во домашното првенство каде заостанува 10 бода во однос на Баер и елиминацијата од Купот на Германија.
Во реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите, „баварците“ го растурија Лацио со 3-0 и ги надополнија оние 0-1 од првиот меч во Рим. Со тоа изборија место меѓу осумте најдобри во Европа и ќе ја очекуваат ждрепката за следната фаза од елитното европско натпреварување.
Херој на Баерн беше англискиот репрезентативец Хари Кејн кој постигна два од трите гола и со вкупно шест изби на првото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите, со Килијан Мбапе. Треиот гол, беше дело на Томас Милер кој одлично реагираше по ударот на Де Лихт и со глава ја спроведе топката во мрежа. Својата шанса, Лацио ја пропушти при резултат 0-0 кога Имобиле можеше да го донесе својот тим во водство, но промаши изгледна прилика.