Со оглед на фактот дека минатиот викенд не се играше Премиерлигата, а „црвените ѓаволи“ нема да настапат ниту викендов против Лидс, менаџерот Ерик тен Хаг на теренот ги извади најдобрите 11, а нападот беше предводен од Кристијано Роналдо. Јунајтед победата ја обезбеди во првиот дел со головите на Џејдон Санчо и Роналдо од пенал.
Едно од најголемите изненадувања вечерва го приреди Митјиланд, кој го прегази Лацио со неверојатни 5-1.