Големо изненадување се случи во Данска каде Митјиланд го нокаутира Лацио со 5:1 и му го нанесе првиот пораз во ЛЕ.
Лацио помина кошмар во Данска, по 52 минути Митјиланд имаше предност од 3:0, во меѓувреме Милинковиќ-Савиќ намали, но до крајот на мечот Исаксен и Свијатченко ја заокружија високата победа на данската екипа која е прва сезонава во групата на ЛЕ.
Во истата група Ф, Феенорд со 6:0 славеше над Штурм.

А Енис Барди и неговиот Трабзон славеа над Црвена Звезда со 2:1 во групата Х.
А во истата оваа група Ференцварош славеше во гости над Монако со 1:0. Стрелец на голот е Весеи во 80 минута.

РЕЗУЛТАТИ
ЛЕ, 2.КОЛО

ГРУПА Е
СОСИЕДАД – ОМОНИЈА 2:1
ШЕРИФ – МАН.ЈУНАЈТЕД 0:2
ГРУПА Ф
ФЕЕНОРД – ШТУРМ 6:0
МИТЈИЛАНД – ЛАЦИО 5:1
ГРУПА Г
ОЛИМПИЈАКОС – ФРАЈБУРГ 0:3
КАРАБАХ – НАНТ 3:0
ГРУПА Х
МОНАКО – ФЕРЕНЦВАРОШ 0:1
ТРАБЗОН – Ц.ЗВЕЗДА 2:1