Фудбалерот за кој се проценува дека е најбогат во светот доби отказ без одиграна минута за сениорскиот тим.
Тоа е Фаик Болкиa кој е внук на принцот од Брунеи.
Се проценува дека е „тежок“ повеќе од 20 милијарди долари, но понекогаш ни парите не се доволни да го исполни тоа што го сака.
За споредба, Болкиa е 30 пати побогат од Лионел Меси, a 50 пати побогат од Нејмар.
Неговата најголема желба беше да стане фудбалска ѕвезда, а сега доживеа едно од најголемите понижувања. Португалскиот Маритимо го раскина договорот со него без одиграна минута за сениорскиот тим.
Челниците на клубот се обидоа да му дадат шанса, го испратија во друга екипа, но и таму не се снајде. Најблиску до деби беше минатата сезона кога се најде на клупата за резерви на мечот против Спортинг Лисабон.
Со фудбалот почна да се занимава во Англија, беше во младинските тимови на Арсенал, Стоук, Челзи, а во Лестер дојде во 2016 година. Сепак, тој и „лисиците“ набрзо сфатија дека Премиер лигата е премногу, па реши да замине во Маритимо.
“Јас сум играч кој сака да создава работи на теренот. Ги покривам крилните позиции и играм како офанзивен играч за врска. Сакам да постигнувам голови”, објасни фудбалерот во една прилика.
Роден е на 9 мај 1998 година во Лос Анџелес, а неговиот начин на живот често привлекуваше големо внимание. Многупати на социјалните мрежи се пофалил со домашни миленици, како тигри и леопарди. Има и видео како си игра со тигар во неговата вила.