Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез би можел да ја продолжи кариерата во Ајакс, односно да се врати во клубот каде имаше метеорски напредок кога дојде во Европа.

Раководството на холандскиот шампион размислува за можен трансфер на досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид, со намера да го замени Себастиен Алер кој ќе се пресели во Борусија Дортмунд.

Луис Суарез минатата сезона забележа 13 гола и две асистенции на 45 натпревари за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, а си замина откако му истече договорот.

Уругваецот претходно играше за Ајакс од 2007 до 2011 година.