Гордиот Албион, фудбалската репрезентација на Англија оствари триумф (2-1) против Швајцарија на пријателскиот меч на што се одигра на „Вембли“. Брил Емболо ги доведе гостите во водство во 22.минута, но Лук Шо пред одморот успеа да го израмни резултатот.
Во вториот дел, Хари Кејн од пенал ја донесе победата за Англичаните.
Република Ирска и Белгија ремизираа 2-2. Батшуаи и Ванакен беа стрелци за Белгијците.