Италијанскиот фудбалски прволигаш Салернитана по секоја цена сака да го ангажира искусниот уругвајски голгетер Единсон Кавани.
За таа цел таа му понудила бонус од дури 200.000 евра за секој постигнат гол, објавија денеска медиумите во Италија.
И не само тоа, за Кавани е подготвен договор од два милиони евра по сезона, во кој има клаузула според која тој може да си замине од тимот кога ќе посака.
Покрај сето наведено, управата на клубот од Салерно му ја подготви капитенската лента на Уругваецот.
Италија го памети Кавани по одлично сеќавање, со оглед на тоа што таму славата ја стекна играјќи за Палермо и Наполи, од кои се пресели во францускиот Пари Сен Жермен.
Искусниот напаѓач минатата сезона ја мина во Манчестер Јунајтед, а сега е слободен агент.