Неверојатни голови, со невидено мајсторство може да се видат не само на големи натпревари на елитните терени, туку редовно ги има и во пониските лиги. Во втората шпанска дивизија-Секунда, на натпреварот Алавес – Сарагоса синоќа беше постигнат спектакуларен гол од слободен удар.
Тој му беше доволен на Алавес да победи со 1-0, а се случи во 62. минута, а егзекутор е Џејсон. Од околу 30-тина метри фудбалерот биеше силно, а топката фати толку неприродна траекторија што дури во ВАР-собата останаа со подзинати усти, чудејќи се што гледаат.