Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул триумфираше со 4-1 против Брентфорд во 25. коло од Премиерлигата и ја зголеми предноста пред Манчестер сити и Арсенал на пет бодови.

Дарвин Нуњез во 35. минута ја затресе мрежата на домаќините за предност од 1-0, по што во листата на стрелци се запишаа Мекалистер и Салах (3-0).

Тони за момент ја врати надежта кај Брентфорд, откако погоди за 1-3 во 75. минута, но набрзо Гакпо погоди за конечни 4-1.

Видеото погледнете го ТУКА.

Ливерпул е прв со 57 бодови, по што следат Манчестер сити и Арсенал со по 52, додека Брентфорд е на 14. позиција со 25 бода.