Екипата на Фрајбург со 4-1 славеше против Унион Берлин во дербито од 15. коло во германската Бундес лига, па се искачи на втората позиција.
Грифо даде два гола во првите шест минути од натпреварот за водство на Фрајбург од 2-0, по што гостите промашија пенал, а набрзо заработија и директен црвен картон за италијанскиот фудбалер да го комплетира хет-трикот во 20. минута, додека неговиот колега Грегориш зголеми на 4-0 во судиското надополнување.
Унион Берлин играше за нијанса подобро во второто полувреме, откако Фрајбург се реши да ги затвори сите пристапи до нивниот гол, но сепак гостинскиот состав постигна еден погодок во 84. минута.
Баерн е прв со 34 бодови, по што следи Фрајбург со 30, па Лајпциг со 28, а по 27 имаат Франкфурт и Унион Берлин.