Алехандро Гарначo му донесе триумф на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Фулам. Тој во судиското продолжение постигна гол за 1-2.
Кристијан Ериксен во 14.минута успеа да го отвори резултатот, но Даниел Џејмс донесе израмнување во 61.минута.
На крајот Гарначо погоди за важен триумф за „црвените ѓаволи“.