Битолски Пелистер забележа убедлива победа со двоцифрен број на голови против Тетекс (11-0), со која направи напредок на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
„Штофарите“ оваа сезона играат ужасно лошо и се едни од главните кандидати за испаѓање заедно со Борец од Велес, и во Битола го доживеаја еден од најтешките порази во својата историја. Искусниот Маневски даде хет-трик, а по еднаш погодија Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумовски, Фазлиу, Трајковски и Здравевски.
Борец на домашен терен со 0-3 загуби од Саса Каменица. Детонит Плачковица на домашен терен со три гола разлика ја победи Беса (3-0), додека мечот Караорман-Локомотива Пехчево заврши нерешено (1-1).
Актуелниот лидер Вардар исто така ремизира со Беласица (1-1). Имаа домаќините водство со голот на Маркоски, но струмичани со бод си заминаа од Скопје.
Гостивар го презеде врвот во ВМФЛ со 30 бода, пред Вардар со 29 и Воска Спорт со 27 бода.